MK
MK

Детали за проектот

Детали за проектот

За планетата.

За луѓето.

За сите суштества.

За планетата.

За луѓето.

За сите суштества.

иницирање...зелени...промени................

Раскажи, дружи се и учествувај: место каде приказните пуштаат корени

Раскажи, дружи се и учествувај: место каде приказните пуштаат корени

СЕМЕ


Октомври 2025, Орославје, Хрватска. Триесет младински работници од седум земји, со едно прашање: Што расте кога слушаме?


Одговорот не беше само приказна, туку одржлива промена, вкоренета во набљудување, трпение и присуство, се она на што не учи природата.


Обуката започна со една вистина: раскажувањето приказни не е едноставно. Тоа е вистинска наука која бара внимание. Како што дрвото впива почва, вода и светлина за да расте, така и приказните растат кога сме вистински присутни за искуствата на другите. Ги научивме 5те елементи на раскажувањето приказни: Лик, Контекст, Конфликт, Климакс, Промена; не како цврсти формули, туку како живи циклуси, огледала на начинот на кој растот се случува во самата природа.


РАСТЕЊЕ


Што ја направи оваа обука различна? Одбивме да го третираме раскажувањето приказни како нешто одвоено од реалниот живот.


Работевме директно со средношколци од локалната заедница, собирајќи автентични приказни за врсници, образование, припадност. Ги обработивме овие приказни преку фотографија, видео, подкасти, стрипови, дизајн. Секој начин на изразување како различен објектив на вистината.


Но, тука настапи и филозофијата на ЕКОЛИТИКА: секој метод на раскажување приказни носи принцип на одржливост.


Снимање? Како да раскажуваме приказни без отпад?
Дизајнирање? Кои ресурси навистина се потребни?
Слушање на младите? Како нашите акции да ја одржат надежта во другите?


Во последните денови се случи нешто моќно. Седевме во круг, споделувајќи лични приказни за припадност, живот во мал град, пријателство, пронаоѓање на "третото место". Еден средношколец зборуваше за пицеријата каде одат со пријатели. Други опишуваа сесии на учење полни со тетратки. Една млад дечко размислуваше за моментот кога чувствувал дека навистина бил слушнат.


Правото прашање во вистинскиот момент менува сè.


ЖНЕЊЕ


Најдлабоката лекција дојде од она што го сведочивме во средното школо во Хрватска: млади кои се собираат во нивните "трети места", масите во пицеријата и кафичите, масите со тетратки и книги во изобилие, масите со расфрлани LEGO коцки. Места кои ги избрале, не места кои се назначени за нив. Тука, далеку од домот и школските обрски, тие се поддржуваат еден со друг, учат заедно, градат заедница. Овие трети места се одржливи екосистеми на припадност, изградени на база на мали гестови на грижа и присуство.


Научивме дека одржливото раскажување приказни значи:

  • Слушање повеќе отколку зборување. Природата не брза; вистинските приказни уште помалку.

  • Користење на она што е достапно. Најмоќните приказни немаат режија и сценарио, само искреност.

  • Грижа за другите. Кога младите ги раскажуваат своите приказни и се навистина слушани, тие растат. Нивната самодоверба, чувство на вредност, надеж, стануваат одржливи кога инвестираме во нив.

  • Локално вкоренување на промената. Вистинскиот импакт на приказната не е да стане вирала, туку да те слушне комшијата и да се препознае во неа.


РЕФЛЕКСИЈА


Се враќаме од Орославје со нешто повеќе од Youthpass. Ја носиме лекцијата дека раскажувањето приказни е одржлив процес. Се работи за градење на она што трае: доверба, разбирање и врската што ги вкоренува луѓето во нивните заедници.


ЕКОЛИТИКА верува дека учејќи од она што ни го покажува природата, со трпение, со внимание и со почитување на секој глас, не само што раскажуваме подобри приказни, туку и градиме подобра иднина.


АЛАТКАТА ШТО СЕ РОДИ ОД ОВИЕ МОЕМНТИ


Дигиталната платформа "Машина за приказни" се роди како резултат на ова октомвриско искуство. Сфативме дека магијата на "Раскажи, дружи се и учествувај" може да патува, да се множи и да потткинува значајни разговори насекаде, во мобилностите на Erasmus+, локални заедници и младински организации.


Секоја картичка има еднократен поттик за раскажување приказна, на начин да инспирира автентична рефлексија и искрена врска.


Во Erasmus+ мобилности: Машината за приказни започнува разговори кои имаат поголем импакт од обичните icebreakers. Наместо "Од каде си?" младите прашуваат: "Кажи ми за местото каде се чувствуваш како дома." Бариеите се бришат. Врските стануваат подлабоки. Учењето станува лично.


Во локални заедници: Младински работници, едукатори и невладини организации можат да ја користат Машината за приказни за да градат припадност во работилници, тимски дух, подобра соработка. Не е потребен тренинг. Само отвори ја платформата, извлечи картичка, слушај, сподели.


За сопствена рефлексија: Отвори ја платформата во било кое време. Извлечи картичка. Размисли додека уживаш во утринското кафе, попладневната пауза или во 2 саат наутро кога не можеш да запиеш. Напиши го твојот одговор. Направи screenshot на прашањето и прати го на пријател. Искористи ја приказната да направиш непто подобро. Сподели ја или задржи ја за себе. Твој избор.


КАКО ФУНКЦИОНИРА


Кликни на платформата, извлечи картичка и остави приказната да те води. Не е важен перформансот, ниту што ќе кажат другите, важна е само твојата вистина, твоето темпо, твојата приказна. Сподели ја, запиши ја, дискутирај ја или задржи ја за себе. Магијата не е во картичките, туку во она што се слушнеш додека ја раскажуваш твојата приказна или приказните на другите.


ФИЛОЗОФИЈАТА НА ОДРЖЛИВОСТ


Картичките во Машината за приказни не потсетуваат дека одржливото поврзување не бара скапи ресурси или скапи платформи. Тоа бара присуство, љубопитност и желба да се слуша и учи.


Кога споделуваме автентични приказни, градиме разбирање. Кога се разбираме еден со друг и покрај различните граници, култури, искуства, ја грижиме подлабоко и поискрено. И кога се грижиме, делуваме: поконцизно, полокално, поколективно.


Секоја раскажана приказна е инвестиција во човечките врски и резилиентноста на заедницата. Оваа алатка е бесплатна затоа што приказните не треба да имаат цена. Тие припаѓаат на секој од нас.


Кликни и пробај ја нашата "Машина за приказни" → [Бесплатна Алатка]


"Машина за приказни" е дигитална платформа создадена од ЕКОЛИТИКА, која се роди и се разви како резултат на Erasmus+ обуката "Раскажи, дружи се и учествувај" (Октомври 2025, Орославје, Хрватска). Таа е слободна за користење за сите младински работници, едукатори, учесници на Erasmus+ мобилности и заедници кои бараат одржливи решенија за раскажување приказни и подлабока човечка врска.


Она што останува со нас, а сега и со вас, не е само сертификат или спомен, туку слободата и пријателствата кои се создадоа во тие моменти.

Детали за проектот

Наслов на проектот

Speak, Friend & Enter

Тип на проект

Обука

Водечка организација

Nezavisna udruga mladih

Партнерски организации

EKOLiTiKA, Youth Academy Italy, Asociatia Youth on the Move,

Каде?

Орославје, Хрватска

Кога?

Oct 15, 2025

Детали за проектот

Наслов на проектот

Speak, Friend & Enter

Тип на проект

Обука

Водечка организација

Nezavisna udruga mladih

Партнерски организации

EKOLiTiKA, Youth Academy Italy, Asociatia Youth on the Move,

Каде?

Орославје, Хрватска

Кога?

Oct 15, 2025

Не ти треба совршенство за да направиш промена

ЕКОЛИТИКА е секогаш во потрага по сонувачи, иницијатори и оние кои поставуваат прашања. Сакаш да помогнеш во организирање на настани? Да споделиш некоја идеја? Да се придружиш на некој настан? Со задоволство ќе те слушнеме.

Не ти треба совршенство за да направиш промена

ЕКОЛИТИКА е секогаш во потрага по сонувачи, иницијатори и оние кои поставуваат прашања. Сакаш да помогнеш во организирање на настани? Да споделиш некоја идеја? Да се придружиш на некој настан? Со задоволство ќе те слушнеме.

Не ти треба совршенство за да направиш промена

ЕКОЛИТИКА е секогаш во потрага по сонувачи, иницијатори и оние кои поставуваат прашања. Сакаш да помогнеш во организирање на настани? Да споделиш некоја идеја? Да се придружиш на некој настан? Со задоволство ќе те слушнеме.

Create a free website with Framer, the website builder loved by startups, designers and agencies.